Под слоганот „Стартапи градат стартапи“, Стартап Клуб Скопје го лансираше првиот повик за Инкубаторската програма #ИмамИдеја.
Од самото отварање на повикот 6 ноември до 15 јануари, пристинаа над 150 бизнис идеи од областа на образование, медицина, технологија, архитектура, e-commerce, угостителство итн. Интересот за овој повик на кој имаа можност да аплицираат поединци и тимови зборува за потенцијалот на претприемничка заедница и потребата од поддршка за иноваторите кои се дел од домашниот стартап екосистем.
Од пристигнатите апликации беа селектирани најдобрите 24 идеи кои присуствуваа на настанот за предселекција: Хакатон #ИмамИдеја кој се одржа на 03.02 и 04.02 20204 година во мултифункционалниот простор на Старап Клуб Скопје. Во првиот продуктивен ден на Хакатонот, учесниците беа поттикнати да ги развиваат своите идеи со искусни ментори, а на вториот ден ги презентираа пред судиите за шанса да продолжат во инкубаторската програма. Средношколци од 16 години, па сè и до постари генерации на професори од 70+, имаа можност да пичуваат идеи пред судиите и да добијат фидбек за понатамошен развој и раст на својата идеја за услуга или продукт. Дел од менторскиот тим за време на Хакатон #ИмамИдеја беа претставници од бизнис фелата како и основачи на успешни стартап компани.
Финалниот дел од настанот вклучуваше селекција на 12 најиновативни идеи: Agency Ticket, ExpandUps, myLife, DIA (Diabetes Intelligent Assistant), BioPrint 3D, Возикај, Onlygrow, RealWire, Tail, Publish Your Game и Common, кои беа избрани да продолжат во Инкубаторската програма #ИмамИдеја. Реализацијата на оваа интензивена и специјализирана програма е предвидена во период од три месеци, почнувајќи од втората половина на февруари до мај оваа година.
Со голема возбуда, очекуваме да ги видиме нивните проекти како се развиваат и да ги презентираат пред инвеститори, бизнис ангели, фондации и компании на финалниот настан „Ден на инвеститори“ во мај.
Повикот за инкубаторската програма #ИмамИдеја е само знак дека постои голем интерес да се разбуди креативноста кај младите и постарите во креирање и иновации. Токму затоа СтартАп Клуб Скопје ќе продолжи да креира и да биде дом и место на многу идеи во периодот што следува, со цел откривање на вистинскиот потенцијал на новата генерација на претприемачи во нашата држава.
Бидете дел од СтартАпРеволуцијата, следете нè на Фејсбук и Инстаграм профилот на Стартап Клуб Скопје.