Често поставувани прашања за Инкубаторската Програма „Имам Идеја“

Кој може да аплицира за инкубаторската програма?

  • Во програмата може да учествуваат сите лица над 18 години. 

Каков тип на бизнис идеи се прифатливи? Дали постојат специфични индустрии или сектори кои програмата ги цели?

  • Прифатливи се сите креативни и иновативни бизнис идеи.

Како се врши процесот на селекција?

  • Внимателно одбраната комисија ќе ja направи селекцијата за учество во Инкубаторската програма врз основа на критериуми како што се степен на иновативност, капацитет на проектниот тим, потенцијал на пазарот итн.

Какви ресурси и поддршка се обезбедуваат за учесниците на хакатонот?

  • За време на хакатонот, учесниците ќе имаат можност да се вмрежат и да развијат бизнис модел кој ќе биде основа за финален влез во инкубаторската програма која ќе вклучи вкупно 10 тимови.

Што се случува ако мојата апликација не биде избрана за хакатонот?

  • Вие ќе бидете известени за оваа одлука преку е-маилот што сте го навеле во вашата апликација, и доколку не биде избрани, тогаш немате можност да учествувате во хакатонот и да имате можност да влезете во инкубаторската програма. 

До кога е рок на аплицирање?

  • Рокот за аплицирање е до 15 јануари 2024 до 15:00 ч

Какви се условите за завршување на инкубаторската програма?

  • За успешно завршување на инкубаторската програма, обично се бара реализација на поставените бизнис цели, активно учество во предвидените активности и позитивен напредок на стартапот.

Како може да се пристапи до потенцијалните инвеститори?

  • На крајот од програмата ќе се одржи настан „Ден на инвеститори“, каде преку презентации пред поканети инвеститори, бизнис ангели, фондации и компании, тимовите од програмата ќе имаат можност да стигнат до своите први инвестиции.