Отворен повик за стартaп компании ! Аплицирај
Програма
Мотивирани од недостигот на заедници коишто ги спојуваат младите креативни и претприемачки умови, пред речиси три години се основа Стартап Клуб Скопје.
Целта на постоењето ваков клуб е да се креира заедница за сите млади кои имаат иновативни стартап идеи, да се вмрежат со луѓето од стартап и бизнис сферата и да се креираат можности за понатамошен развој и имплементирање на нивните идеи.
Стартап Клуб Скопје е прв централен претприемачки хаб на нашите простори што нуди поддршка низ целиот развоен процес на иновативните претприемачки проекти кој вклучува менторирање од искусни претприемачи, вмрежување, решавање на инвестициските прашања итн. Едноставно кажано, СКС е местото за реализирање на сечија стартап идеја!
Целта на нашата инкубаторска програма “Програма #ИмамИдеја” е да го поддржи развојот на иновативни бизнис идеи и да им обезбеди потребна поддршка на младите претприемачи со ресурси и обуки за успешно отпочнување и развивање на своите стартапи.
Инкубаторската програма ќе трае три месеци и ќе обезбеди поддршка во вредност од 5000 евра за секоја од 10те бизнис идеи учесници. Програмата ќе се одвива под концептот „Стартапи градат стартапи“, со кој претприемачите ќе добијат директна менторска поддршка, образование и насока од успешни македонски стартап иноватори. Учесниците ќе имаат можност да користат заеднички канцелариски простор во склоп на Стартап Клуб Скопје и инфраструктура со која ќе се овозможи соработка меѓу учесниците и партнерите на инкубаторската програма.
Во програмата може да учествуваат сите лица над 18 години што имаат креативна и иновативна бизнис идеја.
За да се квалификувате за учество во инкубаторската програма, кандидатите ќе бидат оценети според следните критериуми:
Пред почетокот на инкубаторската програма ќе се одржи хакатон каде 20 селектирани тимови ќе се натпреваруваат за место во инкубаторската програма.
Усовршување на идеи (brainstorming за дефинирање на идејата)
Истражување и анализа на пазарот за да се идентификува целната публика и одржливоста на пазарот
Упатување за дефинирање на единствена понуда за вредност
Креирање на бизнис модел канвас
Пичинг пред изборна комисија
Избор на идеи за влез во инкубаторската програма
На овој хакатон ќе бидат избрани 10 идеи за учество во инкубаторската програма.
Резултатите од изборот ќе бидат јавно достапни најдоцна 30 дена по истекот на рокот за аплицирање.
Доколку сакате да дознаете повеќе за повикот, на 15 ноември со почеток во 19:00 часот ќе се одржи инфо сесија поврзана со инкубаторскиот повик #ИмамИдеја.
Доста сонуваш! Кликни тука и направи го првиот чекор кон градење сопствен бизнис!
Рокот за аплицирање е до 15 јануари 2024 до 15:00 ч.
За сите дополнителни прашања и нејаснотии поврзани со повикот, обратете се на [email protected] најдоцна до 15 декември, 2023 година. *Прашања поставени на социјалните мрежи, телефонски и други канали за комуникација што не се овој мејл, нема бидат одговорени.